РАЗВИВАЧИ НА СОФТВЕР

Вашата Апликација на Ваш Начин

Имплементација на Cloud понуда денес е важна за сите развивачи на софтвер. Бирање на комплетно Cloud решение кое што дава безбедност, агилност, пристапност и кое што одржува интегритет на мрежата е предизвик. Како што пазарот на Cloud се заситува од провајдери на едно решение, потребно е да се разберат вашите клиенти и да се осигурате дека Cloud решенијата кои што се нудат да ги задоволуваат нивните очекувања. Како што Cloud услугите стануваат подостапни, потребата за големи платоформи за раководење со Cloud кои нудат пристапни решенија стануваат критичен дел од технолошката индустрија.

Ниедна Апликација не е Пресложена

Нашето искуство и услуги ни овозможуваат да направиме било каков тип на архитектура која што е потребна за поставување на вашата апликација. Платфорамата може да биде поставена со Windows и Linux aпликации и целиот асортиман на опции за Cloud кои што вашите клиенти ги очекуваат. Дозволите за апликациите исто така може да бидат раководени од страна на Радикс за да ви овозможиме комплетен пакет како полесно би направиле ценовен модел за вашите клиенти. Вклучувајќи ги сите решенија за мониторинг и backup кои се потребни за работа на вашата средина. Сето ова ќе биде поставено во еден шаблон кој може да биде поставен било каде во светот за хостирана верзија на вашата апликација

Високо Ниво на Услуга за Вашите Клиенти

Сите апликации доаѓаат со висока достапност како стандардна опција. Ова ќе ви дозволи да овозможите на вашите клиенти одлично ниво на услуга и исто така ќе овозможи на вашиот персонал да остане фокусиран на вашата апликација наместо да се грижи за проблеми со хардверот.

Исто така може да ви овозможиме решенија за опоравок по катастрофа за вашите клиенти со големи побарувања. Податоците ќе бидат реплицирани во две географско разделени датацентри за да се осигураме дека доколку еден датацентар е целосно offline, работата ќе се пренасочи во другиот датацентар.

Повеќе Модели на Поставување

Апликација може да биде поставена во повеќе различни модели. Повеќезакупски модел, единечен закупски модел, јавен Cloud, приватен Cloud, хибриден Cloud…Сите овие модели се возможни со нашите услуги. Некои од вашите клиенти можеби ќе сакаат да хостираат апликација, но ќе сакаат истата да биде на целосно приватна средина. Во овој случај понудете им апликација на единечен закупски принцип која што работи на приватен Cloud. Некои клиенти може да имаат потреба да хостираат со модел на ултра ниски цени за да ја продадат апликацијата до нова база на клиенти. Сите овие модели се возможни на истата платформа и ви овозможуваат највисоко ниво на флексибилност која што може да им ја понудите на вашите клиенти. Уште поважно, Радикс ќе се грижи за оваа работа, додека вие се фокусирате на имплементација на вашите решенија за вашите клиенти.

Глобален Досег

Радикс може да ви овозможи инфраструктура во повеќе локации во светот за да можете да ја поставите вашата апликација каде и да треба. Како што вашите клиенти растат и се шират, тие можеби ќе имаат потреба да имаат пристап до апликациите во различни земји. Штом вашата апликација ќе биде спакувана во шаблон, само со неколку клика ќе може да биде поставена во друга инфраструктура било каде во светот. Штом апликацијата ќе пристигне, ќе работи со поставките кои се потребни.

ПОВРЗАНИ УСЛУГИ

  • Развивачи на Софтвер
  • Планирање на Cloud
  • Одржување на Cloud
  • Cloud Опоравок по Катастрофа
  • Помош и Техничка Поддршка
  • Поставување на Апликации
  • Мониторинг на Cloud

RADIX SOLUTIONS

  • Раководен ВПС
  • VPS Поддршка
  • Апликации Хостирани на Cloud
  • Виртуелен Приватен Датацентар
  • ВПДЦ Поддршка
  • Развивачи на Софтвер
  • Планирање на Cloud
  • Одржување на Cloud
  • Cloud Опоравок по Катастрофа
  • Помош и Техничка Поддршка
  • Поставување на Апликации
  • Мониторинг на Cloud
  • Microsoft SharePoint
  • Microsoft Dynamics
  • Magento
  • JIRA Hosting
  • OwnCloud
  • Виртуелен Приватен Сервер
  • Microsoft Exchange