CLOUD ОПОРАВОК ПО КАТАСТРОФА
Процедурите за опоравок по катастрофа не се ништо ново, но со еволуцијата на Cloud хостингот денес може да ги користиме овие евтини решенија за да имаме решенија од врвно ниво за да се осигураме дека нашите апликации ќе оперираат во било каков случај на катастрофа.
Традиционално, организациите ги мапираат своите апликации наспроти нивните Временски Рамки за Опоравок и прават план за oпоравок кој што би овозможил да ги повратат своите операции во посакуванта временска рамка.Често, ова значи повторно градење на целата инфраструктура и апликации од нула и занимавање со логистиката на набавка и поставување на физички средства. Во реалноста, ова често пати е многу подолго од посакуваната временска рамка. За критични апликации каде што downtime не е опција, активно решение кое што работи на два продукциски системи паралелно на две различни места е секогаш добар избор и се препорачува. Во минатото, ова можеше да чини шест до осум пати повеќе.
Обезбедување со брзина
Обезбедувањето со брзина е сменето со Cloud технолгиите и виртуелизацијата. Организациите сега може да добијат компјутерски ресурси екстремно брзо; серверите може да ви бидат достапни за неколку часа. Ова значи дека IT секторот може да ја реплицира својата продукциска инфраструктура без да купи додатни сервери и без комплексната логистика да ги поставува истите. Серверите се само прв чекор во процесот, бидејќи IT секторот треба да ги поврати и инсталира опрециските системи, датабази и апликации.
Со OpenStack, ние може да направиме апликациски шаблон кој што ја содржи целосната архитектура потребна за работа на вашиот софтвер. Секој систем кој што ви работи е различен во однос на операциски систем, middle ware, и апликацијата. Со градење на шаблон што ја има целата конфигурација која што ви е потребна, вие може да ги искористите можностите на Cloud инфраструктурата за да го имате вашето решение за опоравок по катастрофа.
Нема оправдување за фактот што некои организации немаат план за опоравок по катастрофа за нивните апликации и инфраструктура. Прифаќањето на Cloud и технологиите како виртуелизација/репликација им дава можност на организациите брзо и ефективно да направат платформа за опоравок од катастрофа.